• четврток, 21 ноември 2024

Каевски: Скандалот со тепањето полицаец и спречување акција против дрога од обезбедувањето на Мицкоски мора целосно да се расчисти

Каевски: Скандалот со тепањето полицаец и спречување акција против дрога од обезбедувањето на Мицкоски мора целосно да се расчисти

Скопје, 20 февруари 2024

Скандалот со тепањето полицајци од страна на обезбедувањето на Христијан Мицкоски и попречувањето на полициската акција против дрога мора целосно да биде расчистен.

Најавите за проширување на истрагата се позитивен момент во вистинска насока.

Но, надлежните институции имаат обврска да постапат професионално, во рамки на своите законски надлежности и секој инволвиран да понесе одговорност.

МВР мора да одговори на прашањето за  улогата на Мицкоски? 

Затоа што станува збор за спречување на акцијата против дрога од страна на негово обезбедување.

Особено што и многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата.

Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ Пештани неодамна беше фатен со кокаин.

Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром беше уапсена за дрога.

Телохранителот на Мицковски, физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.

Дали структурите на ДПМНЕ во ВМРО-МВРО, сега откако имаат министер, ја попречуваат борбата против дилерите со дрога?

Затоа овој случај мора целосн да се расветли и сите инволвирани да понесат одговорност.

Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан