• недела, 07 јули 2024

Каевски: Резолуцијата на Бундестагот е силна поддршка за ЕУ и потврда за македонскиот идентитет, јазик и посебност

Каевски:  Резолуцијата на Бундестагот е силна поддршка за ЕУ и потврда за македонскиот идентитет, јазик и посебност

Скопје, 16 јуни 2023

Во името на пратеничката група на СДСМ и на мнозинството упатувам благодарност за германскиот парламент, Бундестагот за усвоената Резолуција.

Добивме поддршка на европскиот пат, потврда и признание на македонскиот јазик, култура, идентитет и посебност.

Во усвоената Резолуција поддржана од сестринската партија на СДСМ – СДП и од страна на Либералите и Зелените јасно стои: (цитирам)

„Германскиот Бундестаг ги признава македонската култура, идентитет и јазик. Во Европската Унија, која се карактеризира со голема разновидност на јазици и култури, јазиците се составен дел од нашето заедничко културно наследство.“

Јазичната разноликост се практикува во повеќејазичноста на програмите и во работата на институциите. Македонскиот јазик и култура дополнително ќе ја збогатат оваа разноликост. Европската Унија го смета зачувувањето и заштитата на ова богатство како една од нејзините најважни задачи“

Јасна, силна и моќна порака за исправноста на патот по којшто се движиме, за исправноста на политиките на Ковачевски, на СДСМ и на парламентарното мнозинство и за поддршката за продолжување на европскиот пат.

Дополнително ова е почит кон нас како народ со сета своја посебност, кој има направено многу досега за европските вредности.

Јавноста многу добро знае чија заслуга е Резолуцијата во германскиот Бундестаг. За жал ДПМНЕ освен блокади не направија ништо ниту за македонскиот идентитет и јазик, ниту пак за оваа резолуција.

ДПМНЕ и Мицкоски треба да се засрамат за тоа. Особено што нивни сестрински партии во Бундестагот гласаа против Резолуцијата за потврда на македонскиот јазик, култура и посебност.

Зошто ДПМНЕ и Мицкоски не лобирале кај своите партии за поддршка? На ова прашање Мицкоски и пратениците од ДПМНЕ им должат одговор на македонските граѓани.

ДПМНЕ да почне со работа и да прекине со блокади, наместо ТВ дуели-дијалог преку работни групи

Одговор: Премиерот Ковачевски и Христијан Мицкоски веќе имаа лидерска средба на која се разговараше за се. Потоа сето тоа беше презентирано пред целата македонска јавност на прес конференција. Сега е време да се почне со работа и да се престане со блокади, бидејќи губиме време. Македонија треба да донесе одлука за својата европска иднина и затоа е потребно да продолжи дијалогот преку работни групи. Наместо бескорисни ТВ дуели, ја повикуваме ДПМНЕ да си го одржи ветувањето и да номинира свои претставници. Обединети е единствениот начин на кој сите можеме да победиме.

 

Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан