Кадетките на РК „Делчево“ го освоија трофејот на Меѓународниот турнир „Растимо“ во Нови Сад
- Женската кадетска екипа на Ракометниот клуб „Делчево“ го освои трофејот на силниот Меѓународен турнир „Растимо - Трофеј Града Новог Сада“ кој викендов се одржа во Нови Сад, Србија. Во финалето делчевки го победија домашниот тим на РК „Војводина“ со резултат 18:19 (8:8).
Делчево, 18 февруари 2024 (МИА) - Женската кадетска екипа на Ракометниот клуб „Делчево“ го освои трофејот на силниот Меѓународен турнир „Растимо - Трофеј Града Новог Сада“ кој викендов се одржа во Нови Сад, Србија. Во финалето делчевки го победија домашниот тим на РК „Војводина“ со резултат 18:19 (8:8).
-Денеска во полуфиналето славевме над тимот на Зрињски од БиХ со 19:09. Во големото финале после тешка и макотрпна беспоштедна борба беше совладана одличната домашна екипа на Војводина со еден гол разлика. Честитки на нашите кадетки кои заслужено го освоија трофејот, истакна тренерот на екипата Горан Велков.
Успехот е уште поголем, ако се има предвид дека на турнирот настапуваат најквалитетните женски кадетски екипи од бившите ЈУ простори.
-На турнирот нашите ракометарки имаа што да научат и со тоа уште подобро да се подготват за предизвиците кои ги очекуваат во домашното првенство, додаде Велков.
Екипата од Делчево во наредниот период ги продолжува натпреварите во кадетска и пионерска конкуренција каде се наоѓа меѓу екипите кои според моменталната табела ќе обезбедат влез во разигрувањето. вс/вј/
Фото: МИА