• сабота, 06 јули 2024

Кавадарчани на состаноци со претставници од локалната самоуправа предлагаат проекти за комунално уредување во 2023 година

Кавадарчани на состаноци со претставници од локалната самоуправа предлагаат проекти за комунално уредување во 2023 година
Кавадарци, 10 ноември 2022 (МИА) - Кавадарчани имаат можност на состаноци со претставници од локалната самоуправа, да предлагаат приоритетни проекти од програмата за комунално уредување во 2023 година, информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.
- Градоначалникот заедно со советници од Советот на општината,  вработени од локалната самоуправа, ,,Мој општинар" и јавните претпријатија ,,Комуналец" и ,,Паркинг", започна со состаноци со жителите на сите месни и урбани заедници, со цел да се согледаат секојдневните проблеми на заедничкото живеење, да расправаат за можностите за нивно решавање и заеднички да ги креираат идните активности за 2023 година, соопштуваат од кабинетот на Јанчев.
Додаваат дека ваквите средби продолжуваат, со цел утврдување на потребите на жителите во општината Кавадарци и вметнување на предложените проекти, во програмата за комунално уредување за следната година.свд/

Остани поврзан