Кавадарчани донираа прехранбени производи во Банка за храна
- Под мотото „Подари хуманост, донирај храна", кавадарчани денеска донираа прехранбени производи во Банка за храна.
Кавадарци, 29 јуни 2022 (МИА) - Под мотото „Подари хуманост, донирај храна", кавадарчани денеска донираа прехранбени производи во Банка за храна.
Хуманитарниот настан беше организиран од страна на Банка за храна МК-Кавадарци, со покровителство на Банка за храна Македонија од Скопје, финансиран и поддржан од „Сивика Мобилитас", појаснија од банката.
- Настанот беше всушност мобилизација на Кавадарци против гладот и сиромаштијата и заеднички стремеж со општината Кавадарци, кон една цел, „нула глад" во нашата општина, изјавија од Банка за храна МК-Кавадарци.
Администратор на Банка за храна Кавадарци, што постои три ипол години, е регионалното еколошко друштво „Еко-живот".
Од Банка за храна потсетија дека редовно преку општествено одговорни компании, собираат прехранбени производи, кои потоа ги распределуваат кај лица и семејства во социјален ризик. свд/цр