Кавадарчанец пријавил физички напад поради недоразбирање во сообраќајот
- Кавадарчанец во полиција пријавил физички напад поради недоразбирање во сообраќајот.
Кавадарци, 12 декември 2025 (МИА) - Кавадарчанец во полиција пријавил физички напад поради недоразбирање во сообраќајот.
Како што попладнево информираа од Секторот за внатрешни работи - Велес, синоќа во 19:40 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци извршиле службен разговор со Г.В., на возраст од 45 години од Кавадарци. Тоа, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т., на возраст од 60 години од Кавадарци, дека поради недоразбирање во сообраќајот, Г.В. физички го нападнал.
Од СВР - Велес потенцираа дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. свд/
Фото: МИА архива