• недела, 22 декември 2024

И вториот резервен голман го напушта ПСЖ

И вториот резервен голман го напушта ПСЖ

 

Париз, 5 јуни 2024 (МИА) – Резервниот голман на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Александр Летеје објави денеска дека заминува од клубот.

Летеје (33), чиј договор истекува на 30 јуни, пристигна во ПСЖ во 2020 година и запиша само два настапи за клубот од Париз.

„По четири години гордост што ги носев боите на мојот омилен клуб, време е да се збогуваме“, порача Летеј на Инстаграм доцна синоќа, само неколку денови откако беше објавено заминувањето на вториот резервен голман Кејлор Навас.

Русинот Матвеј Сафонов според пишувањата на повеќе медиуми ќе биде новата замена за Италијанецот Џанлуиџи Донарума, кој останува прв голман на ПСЖ, во чиј редови е и младиот Шпанец Амау Тенас. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан