• недела, 22 декември 2024

И во февруари регистриран пад на побарувачката за автомобили во ЕУ

И во февруари регистриран пад на побарувачката за автомобили во ЕУ
Брисел, 17 март 2022 (МИА) - Побарувачката за автомобили во Европската унија повторно бележи пад - и за февруари, осми месец по ред, а тоа се должи, пред се, поради прекините во снабдувањата, се наведува во извештај на Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА), објавен денеска. Во февруари во ЕУ се регистрирани 719.465 нови автомобили, 6,7 отсто помалку отколку истиот месец минатата година и најмалку во вториот месец воопшто откако АЦЕА почна да собира податоци во 1993 година. Во јануари тој број опадна за 6,0 отсто. Меѓу водечките пазари, Италија и Франција забележаа двоцифрен пад на побарувачката, за 22,6 и 13 отсто, соодветно. Најголемиот европски пазар на автомобили, Германија, сепак забележа раст од 4,2 отсто. Шпанија забележа раст од 6,6 отсто. Податоците за јануари и февруари покажуваат дека во ЕУ се регистрирани 1,4 милиони нови автомобили - 6,4 отсто помалку од истиот период лани. „Новите“ членки на ЕУ речиси се изедначија со „старите“, при што стапките на побарувачка се во пад за 6,1 отсто, односно 6,8 отсто, покажува извештајот. Во групата „нови“ членки на ЕУ побарувачката на почетокот на годината паднала за 1,2 отсто, а кај „старите“ за 7,1 отсто.  си/сд/

Остани поврзан