• понеделник, 04 ноември 2024

Иџе викендов ќе вози во Имола како единствен странец во ТЦР Италија

Иџе викендов ќе вози во Имола како единствен странец во ТЦР Италија
Имола, 28 август 2020 (МИА) - Македонскиот автомобилски шампион на меѓународните трки, Игор Стефановски Иџе, викендов ќе вози на ТЦР шампионатот на Италија. Од Имола, тој оптимистички најавува дека е подготвен да одговори на најновиот предизвик, иако е единствениот странец на оваа трка. Ова ќе биде третата трка од сезоната во Имола. Иџе ќе се натпреварува на познатата стаза Автодром Енцо и Дино Ферари, чиј шарм имал прилика да го вкуси и претходно. По настапот во Хрватска, направени се одредени корекции и поправки на возилото, па доколку се биде во ред, тимот на Стефановски очекува борба за врвен пласман. Иџе е единствениот странец помеѓу натпреварувачите. Тој ќе се натпреварува заедно со 24 други автомобилисти од Италија. Првата трка се вози утре од 14:45, а втората е веќе следниот ден в недела од 11:35. Вечерва се возат квалификациите од 19 часот. зс/

Тагови

Остани поврзан