• петок, 02 август 2024

ИЈЗ: По проверките, сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални

ИЈЗ: По проверките, сите реагенси од исклучените фрижидери се функционални

Скопје, 2 август 2024

На ден 31.07.2024 година, беше востановено дека комора и фрижидер на одд. бактериологија во ИЈЗ  беа оставени без електрично напојување
поради исклучен осигурувач.

После реакцијата истите да се стават во употреба, веднаш е направен увид на подлогите за работа, реагенсите и антибиотиците за антибиограм, од
комората и фрижидерот кои беа исклучени од електрично напојување.

На ден 01.08.2024 беа направени сите неопходни микробиолошки анализи за проверка на квалитетот и исправноста на истите, а за добивање на
резултат беа потребни 24 часа.

На ден 02.08.2024, прочитани се добиените резултати и согласно истите се установи дека молекуларните тестови за детекција на голема кашлица, како
и подлогите за култивација на бактерии, антибиотиците  за изготвување на антибиограми и сите реагенси кои се наоѓаа во исклучените фрижидери, се
функционални и може да се продолжи со нормално функционирање на одделението за бактериологија.

Воедно превземени се дополнителни мерки за унапредување на биолошката сигурност.

Раководството на ИЈЗ ќе ги имплементира сите работни процедури во насока на подобрување на безбедноста како и унапредување на квалитетот на
услугите кои ги дава ИЈЗ.

ИЈЗ

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан