• недела, 24 ноември 2024

Италија ќе го укине воздушното ембарго за либиските авиони

Италија ќе го укине воздушното ембарго за либиските авиони

Триполи, 9 јули 2023 (МИА) – Воздушните врски меѓу Либија и Италија ќе бидат обновени наесен по пауза од речиси десет години, соопшти денеска либиската Влада.

- Италијанската Влада не информираше за својата одлука да го укине воздушното ембарго наметнато на либиската цивилна авијација веќе десет години, објави либискиот премиер Абделхамид Деибах на Твитер.

Сè уште нема официјална потврда од италијанската но Италијанската амбасада во Триполи соопшти дека нејзините власти разговарале за „обновување на директните летови“ меѓу двете земји.

Од 2014 година, либиските авиокомпании се на црната листа на компании на кои им е забрането да летаат над воздушниот простор на Европската Унија.

Со обновувањето на летовите во септември, Италија ќе биде втората европска земја по Малта која ќе има директна воздушна врска со Либија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан