• вторник, 19 ноември 2024

Италија студија: Повеќе од 99 отсто од жртвите од Ковид-19 имале друга болест

Италија студија: Повеќе од 99 отсто од жртвите од Ковид-19 имале друга болест
Рим, 18 март 2020 (МИА) - Италијанските власти вечерва објавија дека уште 475 лица починале од новиот коронавирус  од вторникот, а податоците од новата студија што ја објавија покажуваат дека повеќе од 99 проценти од жртвите страдале од претходна болест. До вчера во Италија починаа 2.503 лица, а поради огромното зголемување на смртните случаи во изминатата недела, експертите детално ги анализирале сите податоци за пациентите за да дознаат што ќе им помогне да се борат со брзото ширење на инфекцијата. Апсолутниот карантин со кој се соочуваат Италијанците би можел да се продолжи ако не се забават нови случаи, соопштија властите денеска, мерка што ја разгледува премиерот Џузепе Конте. Во Италија досега животот го загубија осум отсто од заразените. Студијата ја анализирала медицинската историја на приближно 18 проценти од сите што починале и   откриле дека само три лица немале претходно болест. Речиси половина од починатите имале најмалку три болести и една четвртина имала една или две болести пред коронавирусот. Исто така, истражувањето покажа дека 75 отсто од луѓето кои починале, имале висок крвен притисок и 35 отсто имаат дијабетес, додека третина имале срцеви заболувања. Просечната возраст на заразените е 63, но повеќето од оние кои починале биле постари, а во Италија просекот е 79,5 години. зш/

Остани поврзан