• понеделник, 23 декември 2024

Италија затвора дискотеки, задолжително носење маски навечер на јавни места

Италија затвора дискотеки, задолжително носење маски навечер на јавни места
Рим, 16 август 2020 (МИА) - Италијанските власти наредија затворање на сите дискотеки и  носење маски ноќе на јавни места бидејќи државата се соочува со зголемен број случаи на заразени со новиот коронавирус. Министерот за здравство Роберто Сперанца потпиша декрет за влегување во сила од утре. Со декретот задолжително е носење заштитна маска од 18 часот до 6 часот наутро на јавни места каде има „формирање групи“. Новиот декрет, исто така, забранува работење на отворените дискотеки и ноќни клубови. зш/

Остани поврзан