• понеделник, 23 декември 2024

Италија го укинува карантинот за патници од ЕУ, Велика Британија и Израел

Италија го укинува карантинот за патници од ЕУ, Велика Британија и Израел
Рим, 15 мај 2021 (МИА) - Италија го укина барањето за карантин при пристигнувањето во земјата за сите патници од Европската унија, Велика Британија и Израел, соопштија здравствените власти. Од утре сите патници од овие земји кои пристигнуваат во Италија повеќе не треба да бидат во карантин во период од пет дена, пишува Гардијан. Во април, Италија се приклучи на списокот на земји-членки на ЕУ и воведе дополнителни ограничувања за пристигнувања од други земји на ЕУ, продолжувајќи ја мерката до 15 мај. Земјата се подготвува повторно да се отвори за туристите и во врска со ова, италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца денеска изјави дека се укинати ограничувањата за карантин за оние кои пристигнуваат од овие земји. Сперанца потсети дека сепак ќе биде потребен негативен ПЦР тест. ссм/

Остани поврзан