Италијанскиот шеф на дипломатијата пристигна во Израел
- Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани потврди дека пристигнал во Израел, една од неколкуте европски посети на високо ниво што се очекуваат денеска.
Рим, 13 октомври 2023 (МИА) - Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани потврди дека пристигнал во Израел, една од неколкуте европски посети на високо ниво што се очекуваат денеска.
Претходно беше соопштено и дека претседателите на Европската комисија и на Парламентот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Роберта Мецола, денеска ќе бидат во посета на Израел.
Во соопштението на Комисијата се вели дека Фон дер Лајен и Мецола „ќе изразат солидарност со жртвите од терористичките напади на Хамас и ќе се сретнат со израелското раководство“. паг/
Фото: Х (Твитер)