• понеделник, 23 декември 2024

Италијанската полиција приведе тројца Палестинци под обвинение за тероризам

Италијанската полиција приведе тројца Палестинци под обвинение за тероризам

Рим, 11 март 2024 (МИА) - Италијанската полиција уапси тројца Палестинци во централна Италија за кои властите велат дека планирале да извршат напади во неодредена земја, се наведува во полициското соопштение.

Се наведува дека тројцата мажи, кои живеат во Аквила, на околу 120 километри североисточно од Рим, формирале ќелија поврзана со Бригадите на мачениците Ал Акса, вооружена група поврзана со движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас, која се смета за терористичка група во Израел, ЕУ и САД.

Полицијата соопшти дека тројцата Палестинци се обвинети за злосторнички заговор за извршување тероризам или за уривање на демократскиот поредок, кој според италијанскиот закон носи затворска казна до 15 години.

„Осомничените се занимавале со прозелитирање и пропаганда...и планирале напади, вклучително и самоубиствени бомбашки напади, врз цивилни и воени цели на странска територија“, соопшти полицијата.

Еден од тројцата мажи е баран од Израел, кој е во војна со палестинската милитантна група Хамас во Појасот Газа, а италијанскиот суд го разгледува барањето за негова екстрадиција, се вели во соопштението.

Во посебна изјава, министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси го поздрави апсењето на „тројца опасни терористи“ и рече дека Италија секогаш посебно внимава кога се во прашање екстремизмот и радикализацијата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан