• недела, 23 јуни 2024

Италијано ја потврди разделбата со Фиорентина

Италијано ја потврди разделбата со Фиорентина


Фиренца, 3 јуни 2024 (МИА) – Тренерот на Фиорентина, Винченцо Италијано, потврди дека го напушта калчолигашот од Фиренца.
Италијано изминатата вечер последен пат седеше на клупата на Фиорентина во триумфот од 3-2 над Аталанта во последниот натпревар сезонава во Серија А.
„Сите заедно не толку одамна ја донесовме оваа конечна одлука“, рече Италијано на прес-конференција.
„Мислам дека е правилно, со оглед на сите дискусии што ги водевме. Стигнавме до одреден момент кога мораме да се разделиме. Уверен сум дека кој и да стигне овде ќе може да го продолжи патувањето. Се надевам дека оставив нешто позитивно“, додаде тој.
Италијано пристигна во Фиорентина во 2021 година, водејќи ја до две финалиња во Конференциската лига и финалето на Купот на Италија во 2023 година.
Тимот заврши на осмото место во Серија А оваа сезона и следната сезона ќе игра во плеј-офот за конференциската Лига. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан