• понеделник, 04 ноември 2024

Истражување: Украинските бегалци се повеќе се цел на сексуална експлоатација

Истражување: Украинските бегалци се повеќе се цел на сексуална експлоатација

Лондон, 26 март 2023 (МИА) - Украинските бегалци се повеќе се мета на сексуална експлоатација со зголемен интерес за порнографија која наводно прикажува бегалци од земјата разурната од војна, според истражувањето.

Томсон Ројтерс спроведе истражување кое покажа дека украинските бегалци можат да бидат жртви и на трговците со луѓе на терен и на кибер-воајери.

Истражувачите, анализирајќи го глобалниот сообраќај на интернет пребарувачите, открија зголемен интерес за украинската порнографија откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Тие веруваат дека зголемениот интерес на интернет може да ги охрабри трговците со луѓе да работат почесто и со поголема неказнивост. Организацијата повика на итна акција за зајакнување на заштитата за украинските жени и деца кои се изложени на ризик од сексуална експлоатација. ссм/

Остани поврзан