• сабота, 23 ноември 2024

Истражување: Мирисот на нов автомобил може да предизвика рак

Истражување: Мирисот на нов автомобил може да предизвика рак

Пекинг, 20 април 2023 (МИА) - Кинески научници открија дека мирисот на нов автомобил може да предизвика смртоносни болести, како, на пр., рак.

Истражувањето траело 12 дена, при што испитуван бил неименуван хибриден теренец чија внатрешност била исполнета со елементи од пластика, вештачка кожа и ткаенина. Според стручњаците, таа комбинација произведува опасни материи, вклучувајќи и бензен и формалдехид, коишто можат да предизвикаат рак, акутна миелоидна леукемија и други сериозни болести.

За време на експериментот, автомобилот бил паркиран подалеку од други возила.

Во кабината се забележани 20 хемиски испуштања. Во истовреме, концентрацијата на некои од нив во автомобилот се покажала многу висока, особено онаа на бензен, формалдехид и ацеталдехид.

Овие хемикалии можат да предизвикаат вртоглавица, отежнато дишење и гадење кај патниците. И покрај фактот дека количината хемикалии не ја надминува границата на кинескиот стандард за безбедност, научниците тврдат дека истовременото ослободување на овие супстанции може да предизвика рак.

Уште понепријатната информација е дека тоа може да се случи и по само половина час престој во внатрешноста на возилото.  си/

Фото: МИА архива.

Остани поврзан