• недела, 22 декември 2024

Истече рокот за поднесување кандидатури за изборите во Босна и Херцеговина

Истече рокот за поднесување кандидатури за изборите во Босна и Херцеговина
Сараево, 4 јули 2022  (МИА) - Денеска истече рокот за поднесување листи на кандидати кои ќе учествуваат на општите избори во Босна и Херцеговина на 2 октомври, потврди Централната изборна комисија, со најава дека по пропишаните проверки, листите на сите партиски кандидати ќе бидат објавени до 18 август. На листите има илјадници имиња, бидејќи за учество на изборите се пријавиле дури 90 партии, 38 коалиции и 17 независни кандидати. За изборите одржани пред четири години се кандидираа повеќе од 7.500 луѓе. Општи избори во БиХ ќе се одржат за членови на Претседателството на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, членови на Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата БиХ, претседател и потпретседатели на РС, членови на Националното собрание на РС, како и за членовите на кантоналните собранија во ФБиХ. паг/

Остани поврзан