• петок, 22 ноември 2024

Ислами остана без финале на Медитеранските игри

Ислами остана без финале на Медитеранските игри
Оран, 1 јули 2022 (МИА) – Македонската атлетичарка Дрита Ислами не успеа да се пласира во финалната трка на 400 метри со пречки на Медитерански игри во Оран, завршувајќи како деветопласирана во квалификациите. Дрита, која во квалификациите оствари време од 59.16 секунди, е првата од четворицата македонски атлетичари, кои се пријавени за настап на Игрите во алжирскиот град Оран. Според програмата, денеска во квалификациите на 400 метри ќе настапи Јован Стојоски, додека, в недела Дарио Ивановски ќе се појави на патеката во трката на 5 000 метри. Андреас Трајковски, пак, го очекува настапот во скок во далечина. ег/ар/

Остани поврзан