• петок, 28 јуни 2024

Ирвинг ќе пропушти најмалку една недела поради повреда на коленото

Ирвинг ќе пропушти најмалку една недела поради повреда на коленото
Њујорк, 2 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Бруклин, Кајри Ирвинг ќе биде надвор од терените најмалку една недела поради повреда на десното колено, објавено е на официјалниот Твитер на клубот. Ирвинг се повреди на натпреварот со Вашингтон, борејќи се за топката со Бредли Бејл. Бруклин го загуби мечот со 113:107, а Ирвинг за 29 минути колку што беше на паркетот до повредата, постигна 11 поени, и забележа по четири скокови и асистенции. зс/

Остани поврзан