• понеделник, 23 декември 2024

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан

Техеран, 19 мај 2024 (МИА) - Иран планира да ја запре илегалната имиграција од Авганистан. Затоа планира да изгради ѕид на границата, пишува Дојче веле.

Бетонскиот ѕид треба да биде долг 74 километри, висок четири метри, а дополнително ќе биде обезбеден со бодликава жица. Предвидено е да се гради на североистокот на Иран, каде што голем број луѓе илегално ја минуваат границата меѓу Иран и Авганистан.

Советот за национална безбедност стави на располагање околу три милијарди евра. Иранската армија треба да го обезбеди тој дел од границата во следните три години. Според иранска државна новинска агенција, задачата е логистички да се подготви ѕид со бодликава жица во провинциите Северен Хорасан, Разави Хорасан и Јужен Хорасан.

Границата на Иран со Авганистан е долга 950 километри. Во дел таа поминува низ непроодни планини и е тешко достапна. Луѓето од Авганистан бегаат од четириесетгодишната војна, сиромаштијата и (сегашните) талибански власти. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан