• недела, 01 март 2026

Иран ќе го бојкотира Светското првенство во фудбал

Иран ќе го бојкотира Светското првенство во фудбал

Техеран, 1.март 2026 (МИА) – Еден од организаторите на Светското првенство САД во текот на вчерашниот ден изврши напад над Иран, па постои можност фудбалската репрезентација на оваа земја да донесе одлука за бојкот на Светското првенство во фудбал.

Претседателот на Фудбалската федерација на Иран изјави дека не настапувањето е сè пореална опција.

-  Со ова што се случи и со нападот на САД тешко е да се гледа кон претстојното Светско првенство. Кoнечната одлука ќе мора да ја донесат највисоките органи на спортската власт, изјави Таџ.

Ако се случи Иран да го откаже настапот на Мундијалот, ФИФА ќе го замени со првата репрезентација, која не обезбедила пласман. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан