• понеделник, 30 декември 2024

Иран ја активирал противвоздушната одбрана над градот Исфахан

Иран ја активирал противвоздушната одбрана над градот Исфахан

Техеран, 8 октомври 2024 (МИА) – Над иранскиот град Исфахан во текот на ноќта биле активирани системите за противвоздушна одбрана, соопшти денеска Револуционерна гарда на Иран.

Неколку експлозии во текот на ноќта предизвикале загриженост за можен израелски напад, пренесе ДПА.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на извор во Револуционерната гарда, јави дека системите за противвоздушна одбрана реагирале откако забележале „сјаен објект“.

Според извештајот, тоа не била планирана вежба и немало непријателски контакт.

Државното радио го опиша како одбранбен маневар.

Пред нешто помалку од една недела, Исламската револуционерна гарда, елитните воени сили на Иран, истрела околу 200 проектили врз Израел. Нападот дојде по серијата насочени убиства од страна на Израел на клучните фигури во мрежата на недржавни сојузници на Иран.

Израел соопшти дека ќе возврати.

Градот Исфахан, со својата персиско-исламска архитектура, се смета за една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. Во градот исто така се сместени важни објекти од одбранбената индустрија и нуклеарната програма на земјата. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан