• понеделник, 15 декември 2025

Иранските добитнички на Нобеловата награда за мир апелираат на запирање на војната на Блиски Исток

Иранските добитнички на Нобеловата награда за мир апелираат на запирање на војната на Блиски Исток

Техеран, 19 јуни 2025 (МИА) – Иранските добитнички на Нобелова награда за мир, Наргес Мохмади и Ширин Ебади денеска упатија апел за запирање на војната помеѓу Израел и Иран.

- Запрете ја војната и изберете дијалог наместо уништување. Оваа војна, започната од Израел со кршење на меѓународното право, предизвикува огромно страдање и се заканува да разгори поширок регионален и глобален конфликт. Цивилите, вклучувајќи жени и деца, се убиени, се наведува во заедничката изјава на Мохмади и Ебади на англиски јазик.

Ебади во 2003 година ја доби Нобеловата награда за мир поради нејзините напори за одбрана на демократијата и правата на жените, децата и бегалците. Таа живее во егзил во Велика Британија.

Мохамади минатата година ја доби Нобеловата награда за мир за нејзината борба против репресијата на жените во Иран и против смртната казна во Иран. Таа издржува казна во затворот Евин во Техеран. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан