• недела, 14 јули 2024

Ирак сака да посредува за нормализирање на односите помеѓу Анкара и Дамаск

Ирак сака да посредува за нормализирање на односите помеѓу Анкара и Дамаск

Багдад, 13 јули 2024 (МИА) – Шефот на ирачката дипломатија Фуад Хусеин денеска изјави дека во Вашингтон разговарал со турскиот колега Хакан Фидан во да се организира средба на турска и сириска делегација, со цел да се помогне во нормализирање на односите меѓу двете соседни земји.

Хусеин посочи дека подоцна ќе биде прецизиран датумот на средбата.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган при враќањето од самитот на НАТО во Вашингтон, истакна дека чека одговор на поканата за средба што ја испрати до сирискиот претседател Башар ал Асад.

Односите меѓу Анкара и Дамаск се влошија по избувнувањето на сириската граѓанска војна во 2011 година. Турција ги поддржува опозициските бунтовнички групи кои сакаат да го соборат актуелниот претседател Башар ал Асад. Турција презема воени операции во Сирија против Курдска работничка партија (ПКК) и нејзините ограноци.

Во моментот во Турција живеат околу три милиони бегалци од Сирија, а во последно време зголемено е непријателството кон нив. ми/

 

Остани поврзан