• недела, 22 декември 2024

Ирак и Иран потпишаа договор за заштита на границите

Ирак и Иран потпишаа договор за заштита на границите
Багдад, 19 март 2023 (МИА) - Високиот ирански безбедносен претставник Али Шамхани денеска во Багдад потпиша договор за заштита на границата меѓу Иран и Ирак, соопшти кабинетот на ирачкиот премиер.

Шемхани, секретар на Врховниот совет за безбедност на Иран, потпиша договор со неговиот ирачки колега Касем ал Араџи, кој „вклучува координација во заштитата на заедничките граници и консолидација на соработката во неколку безбедносни области“, соопшти ирачката влада.

Посетата на иранскиот функционер доаѓа во пресрет на 20-годишнината од инвазијата на Ирак предводена од САД. Денес, врските меѓу Багдад и Техеран се поблиски од кога било, а ирачката влада е поддржана од проиранска парламентарна коалиција, пренесе агенцијата Бета.

Западните земји, сепак, предупредуваат на прекумерното влијание на соседот на Ирак, Иран, кој САД го сметаат за свој најголем непријател од Исламската револуција во 1979 година. паг/

 


Остани поврзан