• сабота, 23 ноември 2024

ИОК се надева дека на некои натпревари на Олимпијадата во Пекинг трибините ќе бидат со 30 % од капацитетот

ИОК се надева дека на некои натпревари на Олимпијадата во Пекинг трибините ќе бидат со 30 %  од капацитетот
Пекинг, 1 февруари 2022 (МИА) - Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) очекува некои стадиони на Олимписките игри во Пекинг да бидат исполнети со гледачи барем 30 %. Ова го соопшти извршниот директор на организацијата Кристоф Дуби. Странските навивачи поради пандемијата на коронавирус нема да смеат да одат на Олимпијадата. -Ќе постојат протоколи за да се гарантира присуството на гледачите на трибините и во исто време безбедноста на сите учесници. Во однос на капацитетот, сЕ уште не сме постигнале договор. Но, би рекол дека ако имаме еден човек за три или две места, ова е веќе добар резултат. Исполнетоста зависи од конкретното натпреварување, како и од тоа дали се одржува на отворено или внатре. Највпечатливо е што ќе имаме гледачи. И тоа не се само луѓе кои постојано живеат во земјата, туку и жители на Кина, ние инсистиравме на тоа“, рече Дуби. Олимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година. зс/

Остани поврзан