• вторник, 05 ноември 2024

Инцидент на Клиниката за кардиохирургија, вработениот С.Ј. физички го нападнал директорот

Инцидент на Клиниката за кардиохирургија, вработениот С.Ј. физички го нападнал директорот

Скопје, 18 септември 2023 (МИА) - Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10.00 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар, известуваат од МВР.

Во СВР Скопје добиена е пријава за случајот. Известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

За инцидентот информира и Министерството за здравство. 

-Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите, се вели во реакцијата на МЗ. ир/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан