• недела, 08 февруари 2026

Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над 300 лица

Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над 300 лица

Атина, 7 февруари 2026 (МИА) – Сериозни инциденти се случија во текот на ноќта пред Политехничкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун меѓу маскирани лица и полицијата, при што приведени се 309 лица, повреден е еден полицаец, а предизвикана е материјална штета на паркирани автомобили, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, инцидентите започнале околу 2 часот по полноќ кога маскирани лица излегле од просториите на факултетот каде што се одржувала забава и почнале да фрлаат молотови коктели врз специјалните полициски сили кои биле во близина.

Полицијата одговорила со шок бомби и солзавец, а судирите се пренеле и на околните улици, каде што била нанесена штета на три паркирани автомобили.

Во инцидентите повреден бил еден полицаец, а приведени се 309 лица. ср/мс/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан