• сабота, 06 јули 2024

Интер по 19. пат стана шампион на Италија

Интер по 19. пат стана шампион на Италија
Рим, 2 мај 2021 (МИА) - Интер го освои италијанскиот шампионат во сезоната 2020/21 на четири кола пред крајот на сезоната. Клубот од Милано ја освои титулата во Серија А по 19. пат во историјата. По денешните 1;1 со Сасуоло, Аталанта заостанува зад неро-аѕурите недостижни 13 бода. Последен пат Интер стана шампион на Италија во сезоната 2009/10. Тренерот Антонио Конте ја освои Серија А по четврти пат, пред тоа тој трипати победи со Јувентус. По девет последователни сезони, Јувентус е симнат од тронот во италијанскиот фудбал. зс/

Остани поврзан