• петок, 22 ноември 2024

Интер нема да го задржи Лукаку за следната сезона, клубот е заинтересиран за Фирмино, Турам и Ретеги

Интер нема да го задржи Лукаку за следната сезона, клубот е заинтересиран за Фирмино, Турам и Ретеги

Милано, 17 април 2023 (МИА) - Ромелу Лукаку нема да остане во Интер. Напаѓачот тековната сезона ја минува во тимот на Милан како позајмен од Челзи. На лето ќе се врати во англискиот клуб. Интер одлучи да не го задржи Белгиецот во составот.

 

„Нероаѕурите“ сметаат дека вкупната сума од 20 милиони евра што клубот ја потроши за позајмица на Лукаку не одговара на нивото на неговата игра. Интер почна да бара замена за Ромел.

 

Италијанците пројавуваат интерес за напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино и напаѓачот на Борусија Менхенгладбах Маркус Турам. Двајцата играчи ќе станат слободни агенти на крајот од сезоната. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан