• вторник, 07 мај 2024

Интер заинтересиран за Марсијал

Интер заинтересиран за Марсијал

 

Рим, 9 април 2024 (МИА) – Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал би можел да се пресели во Интер, пишува денеска Газета дело Спорт.

Според италијанскиот весник, скаутите на миланскиот клуб сега го следат францускиот играч за да го проценат неговото ниво.

Оваа сезона 28-годишниот Марсијал одигра 19 натпревари на кои постигна два гола и додаде една асистенција.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на Марсијал на десет милиони евра. Неговиот договор со „црвените ѓаволи“ е со важност до крајот на јуни 2024 година. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан