• понеделник, 23 декември 2024

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Интер доби согласност од Павар, се чека Баерн

Минхен, 18 август 2023 (МИА) – Фудбалерот на Баерн Минхен, Бенџамин Павар е подготвен да премине во Интер. Според новинарот Флоријан Плетенберг, „Нероаѕурите“ постигнале вербален договор со дефанзивецот. 

 

Во италијанските медиуми излезе информација дека Интер понудил 25 милиони евра, а Баерн бара нешто повеќе од 30 милиони.

 

Павар кариерата ја почна во Лил, потоа играше во Штутгарт, а од 2019 година е член на Баерн Минхен. Од 2017 година е француски репрезентативец.

 

Самиот фудбалер повеќе пати изјавуваше дека не е среќен во Баерн и дека има желба да ја промени клупската средина. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан