• петок, 22 ноември 2024

Интервју на Османли за српскиот неделник „Novi Magazin“ по повод неговата книга „Пат во рајот“

Интервју на Османли за српскиот неделник „Novi Magazin“ по повод неговата книга „Пат во рајот“

Скопје, 9 мај 2024 (МИА) - Под наслов „Иднината не се досегнува со движење во круг“, најновиот број на неделникот „Novi Magazin“ од Белград објави разговор со македонскиот автор Томислав Османли. Повод за разговорот кој го води новинарката и книжевна критичарка Анѓелка Цвијиќ е неговата книга насловена „Пат во рајот“, што пред неколку месеци е публикувана во Србија.

Станува збор за книга со три драмски текста -  „Пат за Парамарибо“, „Двајца во Еден“ и „Апокалиптична комедија“, со теми меѓу војната и надежта, кои според изборот и предлогот од авторот, на српски јазик ги преведе Александар Турунџиќ, а ги објави новосадски „Прометеј“.  

Во интервјуто во „Novi Magazin“, авторката Османли го претставува како „писател, сценарист, драматург, теоретичар на медиумите и есеист, кој припаѓа на врвот на современата македонска литература и е еден од најпреведуваните и меѓународно признатите писатели“.

Како што потенцира, Османли е добитник на бројни награди, меѓу која и македонското државно признание „Св. Климент Охридски“, а најновиот роман „Заборав“ неодамна влезе во потесниот избор за наградата „Славко Јаневски“. Османли им е познат на читателите во Србија, по неговите книги XXI (Дерета), „Зад аголот“ (Албатрос плус), „Светилка за Ханука и Збир-ка-прича: елегии и гротески, апсурди во проза“ (Прометеј), како и „Брод. Конзархија“ (Агора).

-Македонскиот писател говори за спомнатите димензии на времето минато и сегашно, за новите трагедии на несреќно глобализираниот свет, жестоките воинствените времиња што траат во новово столетие чија прва четвртина травматично се доистрошува, за падот на голем број од вредностите при долгиот танзициски пат и за странпатиците при кои, наместо на станицата на едно респективно граѓанско општество да се најдеме поттурнувани на споредниот колосек во своевиден  хаос на историјата,а светот пред егзистенцијален крстопат... Новата реалност , смета прозаистот, драмски автор и теоретичар, политички ги изневерува основните социјални, морални и филалтропски врености, се вели во интервјуто.

Српската објава на книгата драмски текстови „Пат во рајот“ на Томислав Османли беше поддржана од програмата и Комисијата за објава на македонски книги во странство на при Министерството за култура. бт/аа/

Остани поврзан