• сабота, 23 ноември 2024

Интервенција „Проѕирниот човек“ за поголема медиумска писменост на младите

Интервенција „Проѕирниот човек“ за поголема медиумска писменост на младите
Скопје, 13 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, во организација на Гете-институтите во Југоисточна Европа, на 25 октомври во Скопје ќе се одржи интервенцијата „Проѕирниот човек“. Целта е младите и нивното опкружување да ја поттикнат медиумска и информациска писменост и како и да препознаат сајбер-булинг, идеали за убавина, лажни инфромации и онлајн зависност. Како што најавија организаторите, за време на Гете-институтите Атина, Анкара, Белград, Истанбул, Измир, Скопје, Софија, Солун и Гете-центар Тирана ќе нудат многубројни настани во онлајн и офлајн формат во регионот. Тие ќе бидат наменети за младите, нивните родители, како и наставници и други заинтересирани лица. -Во последователните две недели таму најпрво ќе може да се види изложбата „What the Future Wants“ на Берлинската невладина организација „Tactical Tech“, која беше создадена заедно со млади од Македонија и други земји од регионот. Преку јазик и дизајн соодветен за млади, изложбата се надоврзува на животната реалност на многу млади. Со тоа „What the Future Wants“ ги мотивира младите, интерактивно да се осврнат на актуелните теми од виртуелниот свет, посочија организаторите. Како што се наведува во соопштението, оваа интервеција е поттикната од неизбежната нова реалност каде информациите на интернет се шират брзо и лесно. Степенот на општествено, политичко и културно влијание на овој феномен остава трага врз секојдневието во многу земји во Југоисточна Европа и светот. Личности од политиката и стопанството се обидуваат со помош на таргетирано користење информации да се позиционираат и да остварат добивка – често на сметка на заштитата на податоци и приватноста на луѓето. Луѓето често пати се повикуваат на непроверени извори и на тој начин создаваат лажни информации кои набрзина стануваат вирални и делумно имаат фатални последици врз граѓанското општество. За време и по изложбата, која ќе трае до 4. ноември, заедно со граѓанската организација „Метаморфозис“ ќе се понудат многубројни настани и активноси, како на пример, работилници за млади и наставен кадар, разговори со експерти, настани од информативен карактер за родители, анонимни советувања од страна на специјалисти за млади, натпревари и регионални средби за млади. Гете-институт е културна институција на Сојузна Република Германија која својата дејност ја извршува низ целиот свет.Го афирмираме учењето на германскиот јазик во странство и негуваме меѓународна културна соработка. бт/нд/

Остани поврзан