Интерактивен настан за климатска акција и образование за животната средина во Градскиот парк во Скопје
- Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и УНИЦЕФ, поддржани од Шведска и други партнери, како и од Град Скопје, на 21 март, првиот ден од пролетта организираат интерактивен настан во Градскиот парк во Скопје за да ги прикажат иницијативите за климатска акција и образование за животната средина коишто се спроведуваат во земјата.
Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и УНИЦЕФ, поддржани од Шведска и други партнери, како и од Град Скопје, на 21 март, првиот ден од пролетта организираат интерактивен настан во Градскиот парк во Скопје за да ги прикажат иницијативите за климатска акција и образование за животната средина коишто се спроведуваат во земјата.
За време на настанот, околу 250 деца од целата земја ќе учествуваат на една од десетте интерактивни детски работилници од Мрежата за искуствено учење, Биотехнолошката лабораторија на Град Скопје и програмата ГЛОУБ (GLOBE).
Над 60 млади иноватори и климатски активисти, пак, ќе ги промовираат своите локални иницијативи за климата и животната средина развиени преку програмите UPSHIFT и Младински иновациски кампови. Исто така, тие ќе се вклучат во младинските консултации на УНИЦЕФ за да ги идентификуваат приоритетните области што треба да бидат опфатени во стратегијата за климатски промени на УНИЦЕФ.
Предучилишни воспитувачи и наставници од целата земја ќе имаат можност да дознаат за воннаставните активности што ги нуди Мрежата за искуствено учење, како и за новите алатки за искуственото учење и образование за животната средина што може да ги воведат во образованието.вј/лв/
Фото: МЖСПП