• четврток, 19 декември 2024

Интеграцијата на Ромите, главен фокус на средбата помеѓу Тренчевска и Сарацин

Интеграцијата на Ромите, главен фокус на средбата помеѓу Тренчевска и Сарацин

Скопје, 11 септември 2023 (МИА) - Заложбите на Владата и Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во насока на унапредување на квалитетот на живот на Ромите во државата беа тема на разговор на денешната средба на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска со германскиот специјален пратеник за Западен Балкан Мануел Сарацин и германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Како што информираат од МТСП, министерката го брифираше Сарацин за досегашните достигнувања како што е донесувањето на новата Стратегија за инклузија на Ромите 2022 – 2030, Акцискиот план за жени Ромки и Оперативниот план за активни мерки и програми преку кој  5 отсто од лицата кои ќе бидат вклучени во мерките задолжително треба да бидат од ромската заедница. Министерката ја истакна и Гаранцијата за млади преку која младите Роми имаат олеснето вклучување на пазарот на трудот.

-Во регионот сме лидери во интеграцијата на Ромите во сите општествени сфери. Овозможивме пристап до предучилишно воспитание и образование во 22 општини и овозможуваме бесплатен пристап до услугите во градинките, рече Тренчевска.

Таа исто така ја истакна важноста на четвртиот по ред министерски состанок за интеграција на Ромите на која домаќин ќе биде Република Северна Македонија. Посочи дека од  министерскиот состанок кој ќе се одржи следната недела ќе даде препораки и заклучоци кои со сигурност ќе влијаат на целокупниот Берлински процес и на донесување на мерки и препораки кои ќе гарантираат продолжување на успешната интеграција на Ромите во општествата на Земјите на Западен Балкан.вј/са/

Фото:МТСП

 

Остани поврзан