• петок, 22 ноември 2024

Институциите на ЕУ недоволно заштитени од кибернапади

Институциите на ЕУ недоволно заштитени од кибернапади
Брисел, 30 март 2022 (МИА) - Институциите на Европската Унија не се доволно заштитени од кибернапади, според Ревизорската управа. Бидејќи институциите на ЕУ се тесно поврзани, слабите точки кај која било од нив, може да предизвикаат закана за безбедноста, се наведува во заклучокот. Се препорачува воведување обврзувачки правила за кибербезбедноста и обезбедување повеќе средства за заштита од можни напади. Во соопштението се наведува дека, меѓу 2018 и 2021 година, десеткратно е зголемен бројот на тешки кибернапади врз институциите на ЕУ. Се укажува на тоа дека, бидејќи сè повеќе вработени работат од дома, хакерите имаат поголеми можности за напади. Како што се истакнува, истражувањето на таквите напади, како и да се отстрани штетата, може да траат повеќе недели, па дури и месеци. Како пример е наведен кибернападот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во декември 2020 година. Тогаш, непознати лица илегално дошле до документи за вакцина против коронавирус од компанијата Бионтек-Фајзер. Како слаба точка, тогаш се покажа ИТ-системот на ЕМА. бд/гт/

Остани поврзан