• понеделник, 23 декември 2024

Иницијатива на ЕУ за справување со трговијата со дрога низ европските пристаништа

Иницијатива на ЕУ за справување со трговијата со дрога низ европските пристаништа

Брисел, 25 јануари 2025 (МИА) - Европската Унија, заедно со пристанишните власти на земјите-членки, започна нов јавно-приватен сојуз за зајакнување на експертизата, обезбедување подобри информации и осигурување помош во борбата против организираниот криминал и шверцот на дрога.

Овој сојуз е склучен во време кога заплените на кокаин во ЕУ достигнаа рекорд, со повеќе од 300 метрички тони дрога запленети годишно, се вели во официјалното соопштение на ЕУ.

„Европа има огромен проблем со организираниот криминал и знаеме дека дрогата е главен извор на приход“, рече комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференција во белгиското пристаниште Антверпен, каде полицијата лани заплени рекордни 116 тони кокаин. ссм/

фото: архива

Остани поврзан