• четврток, 19 декември 2024

Индипендент: ЕУ ѝ се закани на Британија со санкции ако Лондон не почне со царински проверки во Ирско Море

Индипендент: ЕУ ѝ се закани на Британија со санкции ако Лондон не почне со царински проверки во Ирско Море

Лондон, 23 јануари 2020 (МИА) - Европската Унија му се закани на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон со санкции доколку не ги спроведе договорените царински проверки во Ирско Море по Брегзит, пишува британскиот весник Индипендент.
Брисел „нема да толерира половична работа“ или неисполнување на договореното, изјави  портпаролот на преговарачот на Европската Унија за Брегзит Мишел Барние, откако премиерот неколкупати истакна дека таквите царински проверки не се потребни.
- Оваа година не само што ќе биде година на нашите идни односи, туку и на спроведувањето на договорот за повлекување, особено во однос на Северна Ирска. Треба да бидеме особено дисциплинирани за да можеме да постигнеме (трговски договор) во рок од 11 месеци и Велика Британија да ги примени (граничните) контроли за кои се согласи, рече портпаролот Штефан де Ринк на настанот што се одржа во Лондон. паг/
   

Остани поврзан