• сабота, 18 мај 2024

Имобиле за Емери: Во Севиља сфатив дека тој воопшто ништо не разбира

Имобиле за Емери: Во Севиља сфатив дека тој воопшто ништо не разбира
Рим, 26 април 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле се сети на периодот на настапите во Севилја под водство на тренерот Унаи Емери. - Во Севиља ми беше непријатно, ми дадоа малку шанси. Во јануари бев на заминување, но Емери побара да останам. Веднаш постигнав два гола, но после тоа Емери повторно ме отстрани од составот. Тогаш сфатив дека тој воопшто ништо не разбира, изјави Имобиле. Во сезоната 2015/16, Италијанецот настапи само на осум натпревари во првиот дел од сезоната во Ла Лига, постигнувајќи два гола. Во јануари 2016 година, тој се пресели во Торино. зс/

Остани поврзан