• петок, 22 ноември 2024

Илјадници полицајци ќе го следат спроведувањето на мерките во Германија

Илјадници полицајци ќе го следат спроведувањето на мерките во Германија
Берлин, 29 октомври 2020 (МИА) – Германија планира од понеделник да распореди илјадници федерални полицајци низ целата земја за да се следи почитувањето на построгите рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, кои вклучуваат затворање ресторани и барови, изјави денеска германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер. - Иницирањето проверки ќе биде клучно за да се обезбеди успех на новите мерки. Во координација со државите, сојузната полиција ќе распореди илјадници полицајци, рече Зехофер. Тој додаде дека сојузната полиција прво ќе се користи во големите градови и области кои се најтешко погодени од пандемијата на коронавирусот. Полициските службеници исто така ќе вршат засилени контроли на аеродромите, железничките станици и близу границите за да обезбеди дека луѓето што влегуваат во земјата од ризични региони ги следат правилата. Германските власти од понеделник воведуваат едномесечни ограничувања на јавниот живот кои вклучуваат затворање на рестораните, театрите и теретаните поради наглиот скок на новозаразени со коронавирусот. јт/

Остани поврзан