• понеделник, 23 декември 2024

Илјадници здравствени работници штрајкуваат во пет американски држави

Илјадници здравствени работници штрајкуваат во пет американски држави

Лос Анџелес, 43 октомври 2023 (МИА) - Во болниците на Кајзер Перманент утрово започна штрајк - околу 75.000 здравствени работници штрајкуваа во Вирџинија, Калифорнија, Колорадо, Орегон и Вашингтон поради платите и недостигот на персонал.

Кајзер Перманент е една од најголемите осигурителни компании и оператори на здравствени системи, со 39 болници низ САД.

Непрофитната компанија, со седиште во Оукленд, Калифорнија, обезбедува здравствено осигурување на речиси 13 милиони луѓе и испраќа клиенти во клиниките и болниците со кои управува или склучува договор за да обезбеди нега.

Коалицијата на синдикати Кајзер Перманент, која претставува околу 85.000 работници во здравствениот систем на национално ниво, одобри тридневни штрајкови во Калифорнија, Колорадо, Орегон и Вашингтон и еден ден во Вирџинија и Вашингтон. Меѓу штрајкувачите има медицински и патронажни сестри, техничари кои работат на ултразвучни прегледи, техничари во одделенијата за радиологија, рентгенологија, хирургија, фармација и итна медицина.

Лекарите не учествуваат во штрајкот, а Кајзер наведува дека неговите болници, вклучително и одделенијата за итни случаи, ќе останат отворени за време на протестот.

Компанијата соопшти дека ќе донесе илјадници работници за привремено да ги пополнат празнините за време на штрајкот.

Синдикатите кои ги застапуваат работниците на Кајзер во август побараа минимална плата од 25 долари на час, како и покачување од 7 отсто во првите две години и 6,25 отсто во следните две години. Кајзер предложи меѓу 21 и 23 долари на час следната година, во зависност од локацијата. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан