• сабота, 23 ноември 2024

Иконому: Не постои веројатност за задолжителни прекини на струја за домаќинствата

Иконому: Не постои веројатност за задолжителни прекини на струја за домаќинствата
Атина, 1 август 2022 (МИА) - Во овој момент не постои веројатност за задолжителни прекини во снабдувањето со електричната енергија за домаќинствата, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите и истакна дека вложуваат секаков можен напор и ги разгледуваат сите алтернативи што ги имаат, па дури и најтешките за да не стигнат до такво нешто , јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека Владата презела мерки за да нема прекини во синџирот на снабдување, со олед на тоа дека „ни претстои тешка зима“ и е нејасно што ќе биде и во однос на цените и во однос на енергетската доволност и затоа мора да бидат подготвени „за да не постојат премногу големи проблеми“. -Нашата земја ги продолжува подготвките за справување дури и со најекстремните сценарија.  Како и во другите неодамнешни кризи, така и сега, градиме национални политики за заштита на општеството, но и на бизнисите. Од една страна се активностите за заштеда на енергија во јавниот сектор, но и во домаќинствата и од друга страна со грижа за обезбедување на енергетска доволност. Веќе се развиени координирани напори за снабдување со зголемени количества течен гас, дизел работење на единиците што користат гас и привремено продолжување на искористувањето на лигнитот, објасни Иконому. ср/

Остани поврзан