• петок, 22 ноември 2024

Изречени 589 санкции за брзо возење

Изречени 589 санкции за брзо возење

Скопје, 27 ноември 2023 (МИА) -  Во сообраќајна контрола вчера на територијата на државава изречени се 589 санкции за брзо возење.

Како што информираат од МВР, од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 300 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 289 надвор од населено место.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан