• петок, 22 ноември 2024

Изречени 537 санкции за брзо возење

Изречени 537 санкции за брзо возење

Скопје, 28 септември 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 537 возачи.

Од нив, како што соопшти денеска МВР,  32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 274 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 263 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан