• недела, 27 октомври 2024

Израел потврди смрт на тројца свои војници во Газа

Израел потврди смрт на тројца свои војници во Газа

Тел Авив, 25 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека тројца нејзини војници загинале во борби на северот од Појасот Газа, каде од почетокот на месецот спроведува нова копнена операција против милитантното исламистичко движење Хамас.

Во соопштението се наведува дека војниците, на возраст околу 20 години, припаѓале на ист баталјон од оклопна бригада. Тие „загинаа во борба на северот од Појасот Газа“, додаде израелската армија.

Со ова бројот на загинатите израелски војници од почетокот на копнената операција против палестинското исламистичко движење, на 27 октомври 2023 година, достигна 361. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан