• вторник, 24 декември 2024

Израел и Грција потпишаа договор за соработка во областа на енергетиката

Израел и Грција потпишаа договор за соработка во областа на енергетиката

Атина, 24 декември 2024 (МИА) – Меѓувладин договор за промовирање на регионалната енергетска стабилност, како и за иновативни енергетски проекти што се однесуваат на Источниот Медитеран и Европската Унија, потпишаа министерот за животна средина и енергетика на Грција Теодорос Скилакакис и министерот за енергетика и инфраструктура на Израел Ели Коен, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за енергетика на Грција рече дека „стратешкиот договор ја запечатува долгорочната врска и соработка меѓу Грција и Израел“.

- Договорот со Израел е важна пресвртница во соработката на двете земји во прашањата поврзани со енергетиката и носи многу работи за во иднина, бидејќи и Грција и Израел се соочуваат со последиците од климатската криза. Во овој контекст, создавањето на зелен коридор за електрична енергија од Израел до ЕУ, преку Грција, ќе биде проект од стратешко значење за регионот на Источниот Медитеран, истакна Скилакакис.

Според израелското Министерството за енергетика станува збор за стратешки договор со цел зајакнување на билатералните врски, зголемување на регионалната стабилност и промовирање на револуционерни регионални проекти во областа на енергетиката во медитеранските земји и Европската Унија. ср/мс/

Остани поврзан